Се зголемува бројот на пожари во Неготино и Демир Капија

Покрај бројот на пожарите исто така се зголемува и материјалната штета што се јавува по пожар, потврдува Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино. Тој нагласува дека во 2015 година се регистрирани 85 пожари, следната година 122, а лани се евидентирани 138 пожари.

-Минатата година имаме прибележано 86 пожари на отворен простор, а 33 на објекти. Во девет случаи гореа возила, а во пет, контејнери. Имаме и пет други интервенции, појаснува Илиев.

Интересен е фактот, нагласува, што во март лани имаше 27, во април 20, а во август 15 пожари.