„Денеска извршив увид во објектот на Територијалната противпожарна единица-Неготино и се задржав во разговор со вработените и на тој начин се вклучив во одбележувањето на месецот и Денот на пожарникарството. На сите вработени им го честитав празникот и им се заблагодарив на пожртвуваноста и професионалноста во извршувањето на нивните секојдневни работни обврски и задачи. На средбата беше истакнато двостраното задоволство од соработката меѓу општина Неготино и ТППЕ Неготино и вреднувањето на резултатите од работата на пожарникарите преку обезбедување добри и соодветни услови за нивно непречено функционирање во интерес на сите граѓани на општина Неготино.„
-се наведува на ФБ профилот на градоначалникот на Неготино Тони Делков.
-извор; Кабинет на Градоначалник Тони Делков