МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА, БРИТАНСКАТА АМБАСАДОРКА ГАЛОВЕЈ, ДИРЕКТОРОТ НА АМС МОЈСОВСКИ, И ДИРЕКТОРКАТА НА ФОНДАЦИЈАТА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР КИРАНЏИСКА ДЕНЕСКА БЕА ВО НЕГОТИНО

Во рамките на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, проект финансиран од Европската Унија преку фондацијата „Чекор по чекор“,подржан од МОН,АМС и британската амбасада денеска во училишниот двор на ООУ Гоце Делчев во Неготино беше ставено во функција инклузивно игралиште за децата со посебни потреби но и за сите други дечиња.За самиот проект говореше директорката на фондацијата „Чекор по Чекор“ Сузана Киранџиска. Потоа на присутните им се обрати градоначалникот на општина Неготино ,Тони Делков.

За важноста на овој проект говореше и британската амбасадорка Рејчел Галовеј како главни подржувачи на овој проект. Министерката за образование и наука Мила Царовска говореше за целите во образовниот систем со акцент на инклузијата.

Директорот на агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски уште еднаш ја потврди несебичната подршка за овој и сите слични проекти а на крај директорот на училиштето Петар Мантев во име на децата им се заблагодари на сите по што ги прошета гостите низ училиштето запознавајки ги со сите активности и актуелности

М.В.

191436483_325712582292634_1249738786042712148_n 191705269_349993553155352_1998613433863727788_n (1) 192098713_169773845081228_1370676224086048426_n