ИЗВРШЕН УВИД ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ КАКО И НА НОВАТА СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА

Во работна посета на Општина Неготино денес беше Министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски. Тој беше примен во кабинетот на градоначалникот Тони Делков кој низ разговор го запозна до каде се активностите кои во моментов се одвиваат низ градот а за кои средствата се обезбедени преку или со помош на ова министерство. Потоа заедно извршија увид во изградбата на новата социјална зграда која треба да биде завршена за најмногу 2 месеци. Министерот исто така лично се увери како се одвиваат работите на реконструкцијата на две улици во градот каде и дадоа изјави за медиумите со градоначалникот.

М.В.

197814412_152377420210700_6252671134425061714_n 198156693_3536989433069086_7609309220801767836_n