МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Инвеститор од Луксембург има намера да гради фабрика за преработка на отпад во селото Дуброво кај Неготоно. Би се инвестирале 336 милиони евра, а ќе обезеди трајно решение на отпадот во 74% од територијата на земјава. Синоќа овој проект, кој е дел од интервентниот план за инвестиции на владата, беше претставен пред неготинци и останатите жители на тиквешијата. Премиерот Зоран Заев на трибина побара поддршка за реализација на овој проект, кој што треба да го реши проблемот со нелегалните и дивите депонии, да се спречи емисијата на отровни гасови, но и да се запре загадувањето на почвата и подземните води.Заев пред присутните го претстави проектот, за кој рече дека една ипол година се воделе разговори со инвеститорот и стручни лица во владата, а сега за истиот започнува и јавна дебата. Фабриката која ќе го преработува отпадот ќе опслужува пет планси региони во земјави или 48 општини.„ Инвестиција ќе го поттикне економскиот развој со отворање на нови работни места, ангажирање на голем број локални компании и со оваа инвестиција ќе се зголеми можноста за намалување на користењето на фосилни горива. Инвестицијата ќе биде лоцирана на 83 ха во село Дуброво“, рече Заев. Премиерот објаснувајќи го проектот посочи дека станува збор за за инселератор, ќе работи без оџак, односно ќе биде од затворен тип, по примерот на Љубљана, Лондон и други европски градови. Ваков објект веќе работел во Цеље – Словенија. Новиот закон за третман на отпад, рече Заев, нема да дозволува увоз на отпад од странство. „ Целосно затворен систем којшто по дејство на топлина го разложува органскиот отпад и го преработува во три гасни супстанции кој понатаму ја создадат топлинската енергија која како топла вода ја врти турбината и од неа произведува електрична енергија. Тоа е целиот систем, нема излез. Најмалку седум посто останува пепел којшто се употребува во градежништвото, почнувајќи од бекатон плочки, цементирани подлоги, асфалтирање, тампонирање. Станува збор за најсовремена технилогија што се користи низ светот“ истакна премиерот и додаде дека со изградбата на оваа инвестиција во 48 општини што ќе ги покрива оваа фабрика би се решеле над 7000 диви депонии. Лазар Филипов, петставник од инвеститорот посочи дека со нивниот проект се става крај на депонирањето отпад на било какви депонии и изедначување на количините на создаден и собран отпад во сите региони. Основната цел на овој проект е градење на фабрика за производство на зелена енергија, вмрежувајќи пет од осум региони (југозападен, пелагониски, вардарски, југоисточен и источен регион) при што е предвидено изградба на збирни и претоварни станици и збирни потстаници за сите 48 општини, кои ќе бидат инвестирани од стратешкиот инвеститор - беше речено на трибината. Допопнително ќе биде преработувана целата био маса создадена од земјоделското производствто во количини кои се проценуваат на 120 000 тони годишно и кои што количини моментално се палат на и околу земјоделските површини. Од еколошкото друштво „Ековита“ од Неготино на трибината презентираа податоци од направена анкета, чии резултати покажувале дека граѓаните биле против отворање на ваква фабрика, бидејќи се повеќе растел бројот на лица со канцер. Роберто Паризов од „Еко живот“ во своето обраќање рече дека мора да се започне да се решава проблемот со дивите депонии, бидејќи тие се голем извор на загадување на животната средина, но го нарушуваат и здравјето на граѓаните. Премиерот Заев истакна дека директната инвестиција од 13,5 милиони евра е за 100 комунални возила, инвестицијата и изградбата на 11 збирни и претоварни станици и дополнителни 11 збирни потстаници е во износ од 9,56 милиони евра, а инвестицијата во 6 000 метални и пластични комунални контејнери е 1,675 милиони евра. Комуналните претпријатија ќе имаат обврска да плаќаат по околу 20 евра за еден тон депониран смет. Очекувањата се дека годишно од овие региони ќе се собираат 700 000 до 1 милион тони отпад. Претставник на иста фабрика која работи во Словенија истакна дека досега работеле 10 години, а немало регистрирано ниеден инцидент, бидејќи се користела безбедна технологија. Ангел Данов 215847601_4558056024238481_7530732389556134172_n