На првата конститутивна седница на новиот Совет на Општина Кавадараци беа верифицирани мандатите на новите советници кои наредниот четиригодишен период ќе учествуват во работата на ова највисоко законодавно тело на Општина Кавадарци.Советниците положија свечена заклетва , беше извршен избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашња и избори и именувања а за нов претседател на Советот со мнозинство на гласови е избран Д-р Стојанчо Рамов од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ . Валентина Бањанска од СДСМ како противкандидат на ова функција не ја доби довербата според гласањето.Еден советник гласаше воздржено.

На местото на Д-р Диме Коцев кој го врати мандатот а заради неспоивост со неговата директорска фунција, е избрана Даниела Ивановска на местото советник од редовите на Коалицијата предводена од СДСМ.

Во своето обраќање до приситнуите и сите граѓани, Д-р Стојанчо Рамов кој го порезеде раководењето на седницата и Советот, се заблагодари на избоор и изрази спремност овој состав на

Советот да работи во интерес на граѓаните и никако поинаку.Со оглед на довербата која им е дадена , тој ќе се заложи да ги застапува граѓаните најдобро што може.

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев , во своето обраќање до присуртните побара разбирање и преданост во работата на ова тело слично како претходниот состав, се со цел да се остварат проектите кои се ветени од него, Коалицијата која го застапува но и останатите граѓани кои го дадоа гласот за него и неговата досегашна и идна предана работа за доброто на граѓаните на Општина Кавадарци.

250088839_4320017094774191_2549667821741876235_n 251732471_399819381887376_3300983256239855266_n 251272224_581940436258433_4888874667027901398_n 251328152_617697759404413_6858752549426692359_n 252258646_466791518058383_249121746434067987_n 252378021_2679498952357817_1282568311599650863_n 252433164_2052945288186789_4358673006289241928_n