МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Градоначалникот на Неготино подари новогодишни пакетчиња на 120 деца

Се работи за деца од предучилишна возраст кои секојдневно ги посетуваат 7-те игрални во неколку населени места од оваа општина

Нив денеска ги израдува градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов. Во населените места Дисан, Тимјаник, Пеплиште, Криволак, Војшанци, Црвени брегови и Тремник, Апостолов им додели пакетчиња на децата од преучилишна возраст.Ова е традиционална активност на општина Неготино во пресрет на Нова година. Секоја година градоначалникот ги посетува 7те игрални во неколкуте населени места оод оваа општина, им подарува пакетчиња и им посака многу здравје, љубов, среќа и безгрижно детството.

Локалната самоуправа набавува материјали за да можат да се реализираат активностите за децата во игралните од страна на наставниот кадар акгажиран од општината

Во знак на благодраност децата пееја новогодишни песнички песнички и рецитираа стихотворби, а насмевките на нивните лица покажаа колку само едно мало внимани може да ги направи среќни и весели. Утре, новогодишни пакетчиња ќе добијат и децата од детската градинка “Фемо Кулаков” од Неготино, но и учениците до петто одделение.