УТРЕ ОД 17 ЧАСОТ РОСОМАН ЈА ПРЕЧЕКУВА ЕКИПАТА НА СЛОГА ОД ВИНИЦА

Викендов стартува новата фудбалска сезона во двете втори лиги. Оваа сезона ке биде дупло поинтересна за љубителите на фудбалот од овие краиште бидејки и екипата на ФК „Росоман“ му се приклучи на ФК „Тиквеш“ во второлигашкото друштво. Како нови второлигаши росоманчани својата прва средба во новата сезона ке ја одиграат на домашен терен а противник ке им биде екипата на „Слога“ од Виница.Средбата ке се одигра утре , сабота со почеток во 17 часот на игралиштето во Росоман. За жал поради актуелната ситуација со пандемијата трибините и на оваа средба како и на сите останати ке бидат празни.

Сепак росоманчани најавуваат дека се подготвени за предизвиците кои со себе ги носи второлигашката конкуренција,подготвени се да негуваат допадлив фудбал и без разлика дали ке играат дома или на гости ке се надигруваат со секој еден противник, но сепак на оваа средба со екипата од Виница ке се обидат да ги освојат и првите второлигашки бодови.

м.в.