Јованче Настовски од ОО на СДСМ Росоман, денеска одржа прес конференција на која говореше за досегашните вложувања во ова општина од страна на Општината и Владата.

Интегрален текст

Почитувани сограѓани,

Ова се само дел од придобивките во општина Росоман Во претходниот период бевме навикнати да гледаме отчети на стотина страници за сработеното во нашата општина. За воља на вистината оваа година отчетот беше претставен како обичен памфлет. Немајки капацитет и доблест да се прикажат сите добиени средства од страна на Владата на Република Северна Македонија во изминативе четири години, имаме должност на граганите на општина Росоман да им ја претставиме целокупната слика за средствата кои се добиени и проектите кои се реализирани со тие средства.

Набавка и поставување на контенјери и канти за собирање на комунален отпад за територијата на сите 10 населени места во општина Росоман / 1.300.000 / ЛС

Набавка на специјализирано возило за собирање на смет за потребите на ЈПКД "Росоман" / 2.900,000 / УНДП/ЛС

Набавка на трактор, приколица и нож за чистење на снег / 900,000 / МСИП

Доизградба на дел од патен правец од с. Мрзен Ораовец до с. Камен Дол , општина Росоман / 3.401.173/ ЛС

Изградба на локален пат од с.Манастирец до с.Трстеник / 23.117.881 /

МЗШВ Изградба на улици и патишта, асфалтирање и поплочување со бехатон коцки на улици на територија на општина Росоман / 405.077/ЛС

Набавка на градежна машина - комбинирка за потребите на ЈПКД Росоман/ 347.232 / РРР/МЛС

Уредување на централното подрачје во Росоман / 822.014 / ЛС

Изградба на парк во Росоман / 369.502 / РРР и ЛС

Изградба на улици и патишта, асфалтирање и поплочување со бехатон коцки / 2.583.166 / ЛС

Тера Вино - музеј на виното/ 18.402.822 / МЛС и ЛС

Изградба на крак од атмосферска канализација во Росоман / 8.000.000 / ЛС

Реконструкција и асфалтирање на ул. Маршал Тито / 2.668.107 / ЛС

Изградба на систем за водоснабдување за с. Манастирец / 130.744 / ЛС

Уредување на плоштад во централно подрачје на општина Росоман / 500.000 / ЛС

Реконструкција на фасада во ООУ„Пере Тошев“ Росоман / 5.000,000 ден финансиран од блок дотациите од страна на МОН и Владата Реконструкција и санација на спортски игралишта во ООУ„Пере Тошев“ Росоман (во тек) / 4.500,000 ден финансиран од блок дотациите од страна на МОН и владата

** Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните

** Го слушаме гласот на граѓаните

** ПРОДОЛЖУВАМЕ ЗАЕДНО ЗА.“