МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Советот на општина Росоман ја одржа 9-тата редовна седница. Комисијата за финансии и буџет поднесе извешта а советниците ги разгледаа годишниот извештај и годишната сметка за работењето на ЈКП Росоман. Двете точки поминаа со 5 гласа за и 4 воздржани. Со 8 гласа ЗА помина годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Вардарскиот плански регион а со 7 гласа ЗА помина и годишниот извештај за финансиското работење на центарот за развој на вардарскиот плански регион. Потоа беа разгледани и неколку барања од правни и физички лица. Извештај поднесе комисијата за урбанизам и комунални дејности а советниците со 8 гласа ЗА го усвојиа дополнување на програмата за УП и ЛУПД врз основа на поднесени барања од правни и физички лица. Советниците ја усвоија одлуката за постапување со бесправно изградени објекти кои треба да се вклопат во идната УПД, како и програмата за дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште. Извештајот поднесе комисијата за статут и прописи а советниците едногласно ги усвоија измените и дополнувањата на статутот на ООУ „Пере Тошев“ од Росоман. Советниците едногласно ја усвоија одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Велес, Лозово, Градско, Демир Капија и Росоман а едногласно помина и одлуката за сопствено учество на општина Росоман во проектот “Подобрување на патната инфраструктура преку реконструкција на улицата Илинденденска со краци“. Советници ги именуваа и членовите во УО на ЈОУДГ Праскичка во Росоман .

М.В.