Во последниот контролен натпревар пред почетокот на новата фудбалска сезона, на стадионот во соседно Неготино, фудбалерите на „Тиквеш“ минимално со 1-0 го совладаа тимот на „Каменица Саса“. Стрелец на единствениот погодок во 50 мин од натпреварот беше Симеон Христов.Стручниот штаб смета дека екипата максимално професионално гоодработила подготвителниот период и сега подготвени го очекуваат првото коло од новата сезона на 22 август кога гостуваме во Радовиш на екипата на „Плачковица“.

м.д.