ТИКВЕШ ЈА ПРЕЧЕКУВА СЛОГА А БРЕГАЛНИЦА ИГРА СО ПОМАЛИОТ БРАТ КИТ ГО
Утре на програмата се средбите од 15 коло во втората македонска фудбалска лига група исток. Најинтересно и највозбудливо треба да биде во Неготино каде „Тиквеш“ ја пречекува екипата на „Слога“ од Виница. Кавадарчани до крајот на сезоната ке ја бркаат екипата на „Брегалница“ која се одлепи на 5 бода и единствена опција утре за „Тиквеш“ е победата. Можеби во некоја друга ситуација средбата „Брегалница“ - „Кит Го“ ке беше многу поинтересна но кога платите на фудбалерите на двете екипи им ги дава ист газда и резултатот однапред е познат. Росоман во борбата за опстанок го чека тешко гостување кај екипата на „Кожув“. „Осогово“ ја пречекува „Победа а „Плачковица“ има комшиска пресметка со тимот на „Саса“. Средбата „Тиквеш“ - „Слога“ се игра утре,сабота со почеток во 13 часот а за љубителите на фудбалот од Македонија и пошироко директен пренос со коментар на РТК.МК
м.в.