НАПРЕДОК И НОВО ЦРНИЛИШТЕ ОСТАНУВААТ ЛИДЕРИ ЛОКОМОТИВА ВЕДНАШ ЗАД НИВ

Во рамките на 11 коло од ТМФЛ група југ екипата на „Обршани“ немаше сили да му се спротивстави на расположениот тим на „Локомотива“. Тимот од Градско со головите на Аделин Ќазимов во 4,Насаф Шабанов во 28 и Дарко Иванов во 32 поведе со 0:3. „Обршани“ намали на 1:3 со голот на Давор Мирчевски во 33 мин. а три минути подоцна со вториот гол на Шабанов „Локомотива“ поведе со 1:4. Во 55 мин екипата од Градско водеше со 1:5 со голот на Ѓунет Усеинов по што следуваа два пенала за домакинот во 62 и 88 мин кои ги реализираше Жарко Јанчевски.Во Неготино екипата на „Вардар“ со два брзи гола на Павле Петров во 4 и 24 мин веке водеше со 2:0 против „Марена“. Гостите во 48 мин со голот на Ванчо Темков намалија на 2:1, а конечните 3:1 ги постави Марјанчо Илов со гол во 90 мин.Лидерот на табелата „Напредок“ од Крушеани очекувано стигна до нова победа, откако во Кривогаштани со 0:2 беше подобар од екипата на „Младост 1930“. „Ново Црнилиште“ со 1:5 го потопи „Илинден“ на гости во Башино Село. „Големо Коњари“ го изненади „Питу Гули“ и со 5:3 беше подобар противник од екипата од Крушево, а „Динамо“ на домашен терен го прегази „Младост“ од Удово со убедливи 7:2.Натпреварот помеѓу „Превалец“ и „Дојранско Езеро“ не се одигра, бидејќи екипата од Дојран има 5 играчи позитивни на Ковид-19, а позитивен е и тренерот, додека останатите играчи се со симптоми без мирис, вкус и мала температура. Допрва органите на ФФМ ке одлучуваат што со оваа средба иако многумина веке му припишаа службени бодови на „Превалец“.„Напредок“ од Крушеани е лидер на табелата со 24 бодови, колку што има и второпласираната екипа на „Ново Црнилиште“, додека на третото место е „Локотива“ од Градско со 22 бодови.„Вардар“ засега е 7 а екипата на „Марена“ се наоѓа на 12 место. Во следното 12 коло екипата на проф. Сашко Пановски „Локомотива„ е фаворит на домашен терен со тимот на „Големо Коњари“, „Марена“ го пречекува тимот на „Обршани“ а „Вардар“ ке гостува во Башино Село на екипата на „Илинден“.

м.в.

130303036_145073160371285_6325776566997359630_n