КАВАДАРЕЧКИОТ ВТОРОЛИГАШ СЕУШТЕ Е БЕЗ ПОРАЗ ВО КОНТРОЛКИТЕ - РОСОМАН ПАК СО 2:0 ГИ СОВЛАДА МЛАДИНЦИТЕ НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Фудбалерите на „Тиквеш“ продолжуваат со добрите изданија и победите во подготвителниот период. Кавадаречкиот второлигаш на гостувањето во Неготино кај третолигашот „Вардар“ забележа убедлива победа од 1:4. Два пати во листата на стрелците се запиша Симе Христов, а голови постигнаа и Петар Љамчевски и новајлијата, младинскиот репрезентативец Едиз Спахиу. Единствениот гол за неготинчани беше дело на Ѓорѓи Шишков. Ова беше трета победа во четвртата контролка за „Тиквеш“ а имаат и еден нерешен резултат. За „Вардар“ ова е втор пораз а имаат и две победи и еден нерешен исход. За време на викендот кавадарчани имаат закажано контролка со „Осогово“ додека неготинчани ке ја очекуваат генералката со „Плачковица“.Кога сме кај контролните средби да ја одбележиме и четвртата победа во исто толку средби на екипата на „Росоман“. Тие славеа со 2:0 во пријателскиот натпревар со младинците на „Академија Пандев“. Двоен стрелец за росоманчани беше Стефан Тодоровски. Претходно второлигашот од Росоман во контролките ги совлада „Марена“, „Локомотива“ и „Црнилиште“.

м.в.

148803892_115114643888323_4121310039597067665_o