ЛОКОМОТИВА ОД ГРАДСКО, ВАРДАР ОД НЕГОТИНО И МАРЕНА ИГРААТ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН - СЕКОЈ СО СВОИ МАТЕМАТИКИ ПРОТИВ ПРОТИВНИЦИТЕ

Вонредното 17 коло од третата фудбалска лига група југ ке се одигра утре - среда , 17 март. Локомотива од Градско ке сака да се врати на врвот на табелата но затоа ке мора на домашен терен да го совлада тимот на Дојранско Езеро. Новиот лидер, екипата на Ново Црнилиште ке гостува во Големо Коњари кај истоимената екипа која се бори да избега од долниот дел на табелата но квалитетот е на страната на гостите. Вардар во Неготино не би требало да има проблеми бидејки ке му гостува екипата на Младост од Кривогаштани. Марена ке има тешка задача иако игра на домашен терен но во гости им доаѓа амбициозниот состав на Превалец. Неизвесен натпревар се очекува на дуелот помеѓу Обршани и Братство а ке се одиграат и два дуела од долниот дел на табелата. Илинден во Башино Село треба да го пречека Динамо, а Питу Гули во Крушево игра со Младост од Удово.

М.В.