ВО 17 КОЛО ЛОКОМОТИВА ЗАГУБИ ВО ГРАДСКО ОД ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО А ЦРНИЛИШТЕ ВО КОЊАРИ - МАРЕНА И ВАРДАР НЕГОТИНО СИГУРНИ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН Во 17 коло во третата фудбалска лига група југ беа постигнати неколку изненадувачки резултати. Локомотива во Градско загуби од Дојранско Езеро во последните мигови од натпреварот со 1:2. Загуби и лидерот Црнилиште и тоа нагости кај аутсајдерот Големо Коњари со убедливи 3:0. Вардар во Неготино ја наполни мрежата на Младост од Кривогаштани совладувајки ги со убадливи 4:0. Домашниот терен го искористи и Марена која со 3:1 го совлада фаворизираниот Превалец .

М.В. 161848957_4203386749705412_3057143103180902262_n