ЧЕТИРИТЕ ОДЛОЖЕНИ СРЕДБИ ОД ВМФЛ СЕПАК КЕ СЕ ОДИГРААТ ВО САБОТА - ТРЕТОЛИГАШИТЕ КЕ ИГРААТ ДЕНЕСКА

Врнежиte од снег викендот одложија 4 средби во втората македонска фудбалска лига.

Иако првично ФФМ ги презакажа средбите за денеска 24 март сепак заради репрезентативните обврски и настапи се отвори викенд термин па 20 коло ке биде комплетирано во сабота на 27 март. На истокот одложении се дуелите Плачковица - Кит-Го, како и натпреварот помеѓу Победа и Тиквеш.

Во западната група одложени се средбите помеѓу Кораб - Велазерими, како и Дрита - Гостивар.

Третолигашите по сила на приликите заради големиот број на натпревари кои треба да ги одиграат до крајот на сезоната принудени се одложените средби од 18 коло да ги одиграат денеска со почеток од 15 часот. Локомотива Градско ке гостува во Удово, Вардар Неготино му гостува на Динамо а Мартена ке има тешка задача нагости кај Дојранско Езеро. Да напоменеме дека заради временските услови можно е да дојде до нови одлагања во оваа конкуренција доколку условите и состојбата на терените не дозволат поедини натпревари да се одиграат.

М.В.

162301512_705735103437051_3475797061918110558_n