ВО ДЕРБИ НАТПРЕВАРИТЕ ДОМИНИРАА ДОМАШНИТЕ ЕКИПИ

19 коло во третата лига југ помина во знакот на неколку дерби натпревари во кои домакините беа поуспешни. Локомотива од Градско го пречека тимот на Напредок од Крушеани. Гостите први поведоа со гол од пенал во 13 мин но домакинот со головите на Ќазимов и Усеинов во 35 и 41 мин го сврте резултатот.Во второто полувреме со головите на Атанасовски во 53 мин и Ќазимов во 89 Локомотива го дотолче противникот за конечни 4:1. Да споменеме дека Напредок од 40 мин играше со играч помалку бидејки исклучен беше Царулески. Вардар од Неготино исто така одигра дерби натпревар со тимот на Превалец. Со голот на Мојсовски во 54 мин неготинчани стигнаа до важна победа и се израмнија на табелата по бројот на бодови со Превалец но уште се далеку од првата позиција бидејки лидерот Локомотива им бега цели 10 бода. Тимот на Братство продолжува со одличните игри а овој пат настрада второпласираниот тим на Ново Црнилиште и тоа со убедливи 3:0. Сега тимот од Лажани се доближи на само бод од Црнилиште а осум од Локомотива.

Марена на домашен терен играше со Младост од Удово и со играч помалку во 88 минута постигна гол за водство од 2:1 но веке во наредниот напад примија гол па средбата заврши 2:2. Обршани беше изненаден дома од Динамо и загуби со 0:1 но да напоменеме дека Обршани средбата ја заврши со два играча помалку. Дојранско езеро успеа да победи нагости во Башино Село кај Илинден со 1:2. Големо Коњари и Младост од Кривогаштани во дербито на дното одиграа интересен натпревар во кој домакинот во 91 мин си постигна автогол и му дозволи на гостуте од Кривогаштани да си заминат со три бода.

М.В.

166349433_208055031073506_2690084507896081360_n