РОСОМАН НИ КРИВ НИ ДОЛЖЕН ВО СУДИСКОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ МУ УКРАДЕ БОД НА ФАВОРИТОТ

Фудбалерите на Тиквеш приредија непријатно изненадување откако од гостувањето кај комшиите во Росоман се вратија само со бод. Кавадарчани иако важеа за апсолутни фаворити против фенерџијата одиграа слабо прво полувреме. На почетокот на вториот дел Симе Христов од пенал му донесе предност на Тиквеш. Резултатот остана таков се до 94 мин кога Стефан Тодоровски ја искористи лежерноста на кавадарчани и израмни на 1:1. Сега разликата меѓу Брегалница и Тиквеш изнесува 9 бодови.

М.В.

171983996_1366217530410303_6190782812970689539_nфото: Службена фб станица на ФК Росоман 83