ШАНСИТЕ ЗА НЕГОТИНЧАНИ ЗА ВТОРА ЛИГА СВЕДЕНИ НА ТЕОРИЈА

Локомотива од Градско љубоморно го чува врвот во третата лига југ. Тие во дербито на 22 коло го совладаа директниот конкурент,второпласираниот тим на Ново Црнилиште и тоа на гостински терен со убедливи 2:5. Домаќинот прв поведе во 33 мин но Локомотива израмни преку Усеинов во 38 мин за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Атанасовски, Усеинов, Нацев и Ќазимов му донесоа високи 1:5 за тимот од Градско а конечните 2:5 ги постави Газаљ во 88 мин.Во второто дерби Братство со 1:2 го совлада Превалец на гости и се израмни со бодовите со Црнилиште. Двете екипи заостануваат 7 бода зад лидерот но Братство има и натпревар повеке. Во третото дерби Напредок во Крушеани со 2:1 го победи Вардар па сега неготинчани имаат само теоретски шанси за првата позиција бидејки веќе заостануваат 12 бода зад лидерот. Питу Гули со 5:1 го декласираше Марена а Динамо и Младост од Кривогаштани ги поделија бодовите 2:2. Дојранско Езеро му се истури на Големо Коњари совладувајки ги со 9:1 а Младост во Удово со 4:0 го победи обршани.

М.В.

172200032_1385475198485927_1352906070485731518_n