ВОЗАРЦИ ДМД ЗАСЕГА БЕЗ ПОРАЗ А МОЖЕ ДА ИМ СЕ ПРИКЛУЧИ И ЕКИПАТА НА ВАТАША

Викендов се одиграа средбите од третото коло во општинската фудбалска лига Кавадарци. Екипата на Возарци ДМД минимално со 1:0 го совлада Сирково и ја потврди кандидатурата за највисок пласман. На средбата Ваташа - Сопотско Поле конечниот исход ке го добије епилогот на маса а не на терен бидејки домашните поднесоа жалба. Во ова коло Глишиќ и Дреново ремизираа 3:3. На табелата Возарци има 9 бодови а Ваташа 6 но и средба помалку. Сопотско Поле и Сирково собраа по 3 бода а Глишиќ и Дреново по 1

М.В.