ВО НЕДЕЛА НА 16 МАЈ СЕ РЕШАВА КОЈ КЕ ИГРА СО ГФК ТИКВЕШ ВО БАРАЖОТ - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ ИЛИ СИЛЕКС

Викендов- сабота - 15 мај се игра последното 27 коло од регуларниот дел од сезоната во ВМФЛ исток.

Дербито се игра во Штип каде новиот прволигаш Брегалница го пречекува ГФК Тиквеш во натпревар кој нема некое резултатско значење освен меѓусебен престиж. Штипјани го слават пласманот во првата лига а кавадарчани со нетрпение очекуваат да дознаат кој ке им биде противник во баражот. Слога во Виница го пречекува Кит-Го а Победа во Прилеп ке игра со Кожув. Плачковица во Радовиш е домакин на Осогово а Росоман ке сака со победа да се прости од својата публика и втората лига во дуелот со Саса. Во втората лига запад ке се решава учесникот во баражот а таму во пол позиција е екипата на Охрид која му гостува на Тетекс. Конкурент му е екипата на Велешта која ке му гостува на новиот прволигаш Скопје. Охрид и Велешта ја делат втората позиција на табелата со ист број бодови 46.Во првата лига во недела Академија Пандев кој е кандидат за баражот игра дома со Борец кој си го осигура опстанокот а пандевци со победа сигурно остануваат во елитата Во тој случај Ренова која игра дома со Работнички ке игра бараж со вториот од втората лига запад а доколку Академија Пандев победи противник на ГФК Тиквеш ке му биде тимот на Силекс кој пак го пречекува тимот на Струга кој се бори за излез во Европа

М.В.