Даниел Мојсов од Кавадарци според ГОЛ.МК е ново засилување на Брегалница Штип.вака денеска пишува портралот ГОЛ.МК.Инаку со неговиот нов ангажман ова сезна се шпекулираше за неколку тимови.

„Новиот прволигаш доби големо име во одбраната за предизвиците во ПМФЛ наредната сезона.

По пет сезони во кипарска АЕК Ларнака, поранешниот македонски репрезентативец се враќа назад во нашата држава. Од македонските клубови тој има играно за Тиквеш, Вардар и Македонија Ѓорче Петров.

Потоа следува неговата богата интернационална кариера. Во изминатите единаесет години беше дел од Војводина, Бран, Лирс, Адана и АЕК Ларнака, каде се задржа најдолго.

Марјан Секуловски ќе ги води подготовките во Штип до 28 јуни. Потоа тимот се сели во Шехчево, каде ќе го одигра првиот тест против Борец од Велес.“ се наведува на Гол.мк

извор: Gol.mk