ВОВЕДНИОТ ДЕЛ КЕ СЕ ОДВИВА ВО КАВАДАРЦИ А ПОТОА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ЗАМИНЕ ВО ОХРИД

ГФК Тиквеш сериозно си го свати предизвикот наречен Прва лига, па затоа веке утре ке ги стартуваат подготовките за настап во фудбалската елита. Костурот на тимот е задржан од минатата сезона.Блажевски останува шеф на стручниот штаб,а се очекува и стадионот да блесне во ново руво на стартот на натпреварувањето.

Првата прозивка е закажана за утре со почеток од 17 часот а на истата се очекува да се појават и неколку нови имиња кои ке бидат на проба и доколку ги задоволат вкусовите на стручниот штаб ке ги бранат боите на клубот во прволигашката сезона. Според најавите, подготовките на почеток ке се одвиваат во Кавадарци а потоа би требало да се замине во Охрид. Направен е и план за одигрување на пријателски контролни натпревари.

202390683_4181475621937102_6944467025531804656_n