ЕКИПИТЕ НА РООСОМАН И ВОЗАРЦИ ДМД ГИ ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ТРЕТАТА ЛИГА ЈУГ

Општинската фудбалска лига Кавадарци во сезоната што измина не го доживеа крајот. Заради пандемијата по само три одиграни кола натпреварувањето беше прекинато пред се заради задолжителното тестирање пред секој натпревар. Тогаш на табелата се издвоија екипите на Возарци ДМД и Габер со ист број на бодови па одлуката за тоа кој ке се пресели во повисок ранг мораше да ја донесе ОФС Кавадарци и раководството на трета лига југ. Раководните структури довербата му ја укажаа на возарчани па тимот на Возарци ДМД и официјално е нов член на третата македонска фудбалска лига група југ. Екипата од вчера и официјално ги започна подготовките со истиот играчки кадар како и досега а тимот и во третата лига ке го води Симеон Симонов. Исто така најавено е дека до крајот на оваа недела клубот ке се засили со 5-6 квалитетни фудбалери.Уште еден нов третолигаш ги започна подготовките за новата сезона. Екипата на Росоман минатата сезона испадна од втората лига исток и се пресели во понизок ранг но најавуваат дека сезонава ке се обидат експресно да се вратат меѓу второлигашите.Клубот го задржа костурот на тимот од минатата сезона а тренер останува Горан Тодоровски

М.В.

211653192_1644077912453260_1270983284663925245_n 212081726_993932828075918_13150423056607879_n 213668379_632635427714524_950096124506068606_n