-фото Архива

Во недела од 15 часот на градскиот стадион во Кавадарци ГФК Тиквеш ја пречекува Македонија ЃП

Сите средби од 8 коло во ПМФЛ се интересни и своевидни дерби натпревари. Големото дерби се игра во Струмица каде Академија Пандев ке го пречека Шкупи. Двете екипи се на врвот на табелата со ист број на бодови. Струга ке го нагости шампионот Шкендија а Работнички го пречекува Пелистер. Битолчани очајно ја бараат првата победа сезонава но скопјани одлично стартуваа и се фаворити во овој дуел. Интересно ке биде и на средбата Ренова - Брегалница како и во дербито на дното во Велес каде Борец го пречекува Скопје. ГФК Тиквеш со Влатко Костов на клупата на својот стадион пред своја публика ке го пречека тимот на Македонија ЃП и од првиот свиреж на судијата ке брка полн плен и прва прволигашка победа по цели 17 години. Не постои друга опција за кавадарчани освен победа доколку сакаат и следната година место во елитата Средбата ГФК Тиквеш - Македонија се игра во недела од 15 часот како и сите средби од ова 8 коло освен дербито во Струмица кое ке се игра под рефлектори од 18 часот.

М.В.