Кавадаречкиот прволигаш поразен од Скопје со гол примен во 92 мин.

Желбите се едно е можностите секогаш нешто друго. По 17 год ГФК Тиквеш 1930 се врати во фудбалската елита и сите посакуваа клубот да се задржи во првата лига подолг период но по првиот круг, по првите 11 кола многумина кавадаречкиот прволигаш го штиклираа како нов второлигаш за следната сезона. Дотолку повеке што Тиквеш успеа да загуби и денеска од Скопје на гостувањето со 2-1 со гол примен во 92 мин. Скопје поведе по катастрофална грешка на потесната одбрана на Тиквеш. Кавадарчани израмнија на стартот на вториот дел со голот на Коцев. Кога сите го очекуваа последниот свиреж на главниот судија кавадаречката одбрана повторно киксираше а Скопје се израдува на полн плен. Сепак до крајот на сезоната има уште 22 кола па доколку нешто се смени во пристапот се може да се случи. Меѓутоа сите фудбалери кои ги има во ростерот Влатко Костов треба да сватат дека фудбалскиот терен не е модна писта. Треба да сватат дека играат во првата лига а не во некоја ниска општинска лига. И најважно треба да сватат дека дресот кој го носат е светост и треба добро да го испотат бидејки само така може да се надеваме на позитивни резултати.

М.В.