Кавадарчани мора да победат доколку сакаат да ги продолжат прволигашките амбиции

Викендов фудбалските прволигаши ке го одиграат 15-тото редовното коло. Двојките се: Шкупи - Струга, Брегалница - Борец, Ренова - А.Пандев, Пелистер - Скопје и Македонија ЃП - Шкендија. ГФК Тиквеш во Кавадарци го пречекува Работнички. Ова ке биде натпревар на кој кавадарчани едноставно мора да победат и да освојат бодови за бегство од дното. Едноставно Тиквеш ги потроши сите кредити па на домашен терен не смее да киксира. Сите средби од првата лига се играат во недела со почеток во 13 часот.Второлигашите пак ке го одиграат редовното 12 коло. Во источната група екипата на Локомотива од Градско ке има тешко гостување во Виница кај Слога која киксираше во минатото коло и го испушти врвот па сега ке сака да се рехабилитира. Саса на домашен терен ке го одигра дербито со Победа. Осогово му гостува на Братство а Кожув го пречекува Детонит. Беласица ке има тешко гостување кај незгодниот тим на Кит Го. Во западната конференција Силекс во Кратово е апсолутен фаворит во дуелот со Охрид а Вардар и гостува на Воска во дербито на колото. Во останатите средби играат Велешта - Кораби, Беса - Гостивар и Кадино - Тетекс. Сите второлигаши играат во сабота од 13 ч.

М.В.