МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГФК Тиквеш му гостува на Шкупи а покрај второлигашите викендов ке стартуваат и третолигашите од групата југ

Фудбалските прволигаши во недела ке ги одиграат средбите од 21 коло. Дербито се игра во Тетово каде Шкендија го пречекува тимот на Академија Пандев. Екипата на Тиквеш има тешко гостување кај лидерот Шкупи но и не помислуваат да патуваат со бело знаме. Во останатите средби Борец – Струга ТЛ, Скопје – Работнички, Пелистер – Ренова и Македонија ЃП – Брегалница.Второлигашите утре ке го одиграат редовното 17 коло. На истокот фаворитите не би требало да имаат тешки задачи. Се среќаваат: Беласица – Локомотива, Саса – Братство, Детонит – Победа, Кожув – Слога и Пехчево – Осогово. На западот дербито ке го одиграат Вардар и Тетекс а во останатите средби се среќаваат Беса – Силекс, Воска – Охрид, Велешта – Кадино и Кораби-Гостивар.Во недела треба да стартува и новата сезона во третата МФЛ група југ а двојките се Марена – Младост, Вардар Неготино – Големо Коњари, Росоман – Ново Црнилиште, Бучин – Возарци ДМД, Слога – Динамо, Превалец – Напредок и Обршани – Питу Гули.

М. В.