ГФК Тиквеш со победа ке ги прескокне скопјани на табелата и ке ја направи интересна борбата за опстанок

Фудбалските прволигаши овој викенд ке ги одиграат средбите од 22 коло последно од вториот круг Сите средби се играат во стандардниот термин во недела од 14 часот освен средбата Тиквеш – Скопје која ке се одигра утре, сабота со почеток од 14 часот. Причина се ТВ преносите на МТВ и Арена Спорт. Овој натпревар е од особена важност за двете екипи во борбата за опстанок бидејки на табелата ги делат само 3 бода. Со победа Тиквеш ке го престигне Скопје но и скопјани посакуваат позитивен исход за нив во обидот да се оддалечат од кавадарчани. Во останатите средби се среќаваат Академија Пандев – Борец, Струга ТЛ - Македонија ЃП, Работнички - Шкендија, Брегалница - Пелистер и Ренова – Шкупи..18 коло кај второлигашите на истокот утре ке донесе два исклучително важни натпревари.Двете првопласирани екипи кои имаат ист број бодови се срекаваат со двете второпласирани екипи кои заостануваат само два бода зад водечките. Победа во Прилеп ја пречекува Беласица а Слога во Виница ке игра со Саса. Во останатите средби Локомотива во Градско игра со Пехчево, Братство - Детонит и Осогово – Кожув. На западот дербито ке го одиграат Тетекс и Воска а во останатите средби се среќаваат Силекс – Кораби, Охрид – Велешта, Кадино – Беса и Гостивар – Вардар

Мики Виденовиќ