МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Тиквеш е оштетен,навреден и омаловажен и не смееше да победи против струмичани

Фудбалските прволигаши го одиграа 24 коло и заминаа на двонеделна пауза заради репрезентативни настапи кои следуваат.

Ова коло го одбележа битолски Пелистер кој по цели 8 месеци конечно победи и тоа во Битола со 2-0 беше совладана штипска Брегалница. Ренова со 2-1 го доби Работнички а Скопје дома загуби од Шкендија со 0-2. Борец беше минимално поразен од Македонија ЃП со 0-1 а лидерот Шкупи со 1-3 нагости го доби тимот на Струга ТЛ.

ГФК Тиквеш повторно беше жртва на судиските неправди. На градскиот стадион во Кавадарци гостуваше Академија Пандев и по нецела минута гостите водеа со 0-1. Веке во 8 мин се случи преседан кој го одреди останатиот тек на натпреварот. Тиквеш постигна гол но судијата не покажа на центар бидејки само според него и неговиот помошник топката не ја минала гол линијата. Натпреварот продолжи а продолжија и судиските неправди и различните критериуми. Во вториот дел Тиквеш израмни и веднаш притисна во обидот да дојде до водство. Но за да не дојде до тоа се погрижи судијата кој на Вареловски му покажа втор жолт картон па кавадарчани 20 минути ограа со играч помалку. Во една таква ситуација струмичани постигнаа гол во 91 мин. На оваа средба Тиквеш дефинитивно е покраден, навреден и омаловажен од страна на препотентната судиска четворка. Главниот судија е истиот оној заради кој Тиквеш загуби на гостувањето кај Скопје. Истиот оној кој во минатото коло му подари непостоечки пенал на Шкендија но и не свирна чист пенал за кавадарчани. Под итно судиите и судиската организација треба да сватат дека не се единствените кои го познаваат фудбалот и фудбалските правила. И време е да се гледаат снимките и да се изрекуваат казни за судиите кои грешат. Нај ригорозни казни кои може да се изречат.

Мики Виденовиќ