Кавадарчани со 2-1 ја совладаа Македонија ЃП и утре ке го дознаат противникот за баражот

Фудбалската сезона за првлигашите и второлигашите заврши а остана само да се пополнат лигите за следната сезона. Во 33 коло кај прволигашите се постигнаа следниве резултати: Шкупи – Академија Пандев 3-0, Работнички – Пелистер 2-1, Борец – Ренова 1-5, Скопје – Брегалница 4-1 и Струга - Шкендија 1-1. ГФК Тиквеш во Кавадарци губеше на полувреме со 0-1 од Македонија ЃП но во вториот дел со головите на Љамчевски и Христов на крај славеше со 2-1. Шкупи е шампион, во Европа ке играат Академија Пандев и Шкендија. Пелистер и Борец се селат во единствената втора лига а бараж за опстанок во елитата ке играат Скопје и ГФК Тиквеш.Во втората лига исток во 27 коло се постигнаа следниве резултати: Слога – Победа 1-2, Кожув – Беласица 1-3, Пехчево – Локомотива 3-0, Братство – Осогово 2-4 и Детонит – Саса 2-1. На западот играа Силекс – Воска 1-1,Кораби – Вардар 1-2, Охрид – Тетекс 2-0, Велешта – Гостивар 1-2 и Беса – Кадино 7-2. Нови прволигаши се Победа и Силекс, во третите лиги се селат Локомотива, Братство и Осогово од истокот и Кадино Велешта и Кораби од западот. Екипите на Беласица и Воска ке играат бараж со Скопје и Тиквеш за прва лига а кој ке игра со кого ке се дознае утре.

viber_image_2022-05-16_12-13-25-895

М.В.