ПРИСТИГНУВАЊЕ И ВПЕЧАТОЦИ ОД СРЕДБАТА ...

Баба, Ергенот и Љама покажаа што значи разликата во искуството и квалитетот кога се игра во првата лига

Екипата на Тиквеш успеа и не дозволи престојот во фудбалската елита да им биде краток па на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица го растурија амбициозниот тим на Воска Спорт со 4-1 и така обезбеди прволигашки статус и во следната сезона. Тиквеш доминираше во текот на целиот натпревар и го одбрани прволигашкиот статус додека охриѓани ќе играат во единствената Втора лига. Избраниците на Костов одиграа офанзивно и постигнаа два гола во шест минути. Кавадарчани поведоа со погодокот на Едиз Спахиу во 12. минута додека во 18. минута следуваше уште еден гол за радост на „Лозарите“, овој пат преку Иван Ивановски. Воска во 43 мин преку најдобриот играч Изаир Емини намали на 2-1 па така второлигашот се врати во игра.Сепак во вториот дел Тиквеш даде нови два гола. Прво, во 67. минута Благоја Љамчевски постигна вистински евро гол од слободен удар, откосо. Потоа во 74. минута Спахиу ја запечати победата со својот втор гол по контра, со шут по земја. Радувај се, Кавадарци“, изјави тренерот Костов кратко по натпреварот.

283315556_5582847271759346_1917323470370228217_n

М.В.