ЛИДЕРОТ ВО ПРВЕНСТВОТО ГИ ПРЕГАЗИ КАВАДАРЧАНИ ВО ЗАОСТАНАТИОТ НАТПРЕВАР

Синоќа се одигра заостанатиот натпревар од 7 коло во првата машка кошаркарска лига. Во салата „Јасмин“ „Еуро Никел 2005“ го пречека лидерот „Пелистер“. Битолчании засега делуваат моќно во лигата но сепак имаше индиции дека кавадаречките кошаркари можат да им се спротивстават. Сепак на теренотг не беше така. Повторно катастрофална прва четвртина и комплетно лоше прво полувреме после кое „Пелистер“ имаше убедливи 38:58. До крајот рутински битолчани го контролираа резултатот за конечни високи 75:102.И на оваа средба „Еуро Никел ги повтори сите слабости и грешки кои можеа да се забележат и на средбата со „Работнички“. Едноставно во екипата фалеше она „срце на терен “ фалеше борбеност и пред се победнички дух. Одбрана како да непостоеше а во нападот средбата како двоцифрени ја завршија само двајца кошаркари. Рикиќ кој покрај 13 коша имаше и 13 скока и Мијатовиќ со 12. Премалку од екипа која сака да игра во плеј офот.Во вториот заостанат натпревар екипата на „ТФТ“ онака рутински со пола гас го совлада тимот на „МЗТ 2“ со резултат 76:65.

М.В.