4 НАЈДОБРИ ВО ЖЕНСКА И 8 ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА КЕ СЕ БОРАТ ЗА ТРОФЕЈОТ КОЈ ОД ОВАА ГОДИНА ГО НОСИ ИМЕТО „!БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ БУШТУР“

По пет односно шест години пауза завршницата од најмасовното кошаркарско натпреварување, новоименуваниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски Буштур“ се враќа во Скопје. Во 2020 заради пандемијата Куп немаше,Гевгелија беше домакин во 2019 а Кавадарци во 2018 и 2017. Претходно во 2016,завршницата се одигра исто во Гевгелија а последен пат Скопје беше домакин во 2015 година.

Завршниот турнир во женска конкуренција (четирите најдобри) оваа година ќе се одигра на 7 и 8 мај, додека осумте најдобри во машка конкуренција ќе се борат за трофејот во периодот од 14 до 16 мај. Бранители на трофеите се Работнички во машка конкуренција, додека кај дамите тоа е ЖКК Вардар кој ги освои последните три изданија во 2017, 2018 и 2019 година. Кошаркарската Федерација ќе ги организира завршните турнири од Куп-натпреварувањето за 2021 година а сите натпревари, и во машка и во женска конкуренции, ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

М.В.