КАВАДАРЧАНИ ГИ ДОГОВОРИЈА ТОМИЌ, КАЛАХАН И ЦВЕТКОВСКИ - НОВ КАПИТЕН Е ДАРКО СОКОЛОВ

Екипата на ЕуроНикел има полни раце работа. Се крои ростерот за следната сезона но најголемиот проблем го имаат со фактот што некој од федерацијата едноставно не сака да ги види кавадарчани во АБА 2 лигата, натпреварување во кое кавадарчани се заинтересирани да играат. Според правилата на АБА 2 во ова натпреварување има место само за најдобрите две екипи од минатогодишното првенство. И врапчињата на гранка знаат дека тоа се шампионот МЗТ и екипата која има сребрени одличја на своите гради а тоа е тимот на ЕуроНикел. Врапчињата знаат но очигледно некој во федерацијата не знае или се обидува да и наштети намерно на кавадаречката кошарка. Првично на сајтот на АБА 2 на википедија беше објавен списокот на екипи учесници во сезоната 2021/2022, а во тој список како македонски претставници фигурираа МЗТ и ЕуроНикел. Меѓутоа некој ја помати водата и без причина името на вицешампионот беше избришано а впишано името на Пелистер. Сега битолчани се радуваат и пишуваат објави но и тимот на ЕуроНикел реагираше до раководството на АБА 2 да се исправи грешката односно нерегуларноста. Раководството на АБА 2 побара од КФМ написмено да ги извести кои две екипи се најдобри од минатата сезона а во известувањето убаво се гледа дека стојат имињата на МЗТ и ЕуроНикел а името на Пелистер никаде не фигурира. Раководството на ЕуроНикел добило ветување дека неправдата ке биде исправена но останува прашањето како воопшто дошло до истата и кој е виновникот. Во очекување на официјално известување екипата на ЕуроНикел речиси го комплетираше ростерот. Остана Караколев кој беше под договор а договорите ги продолжија и Соколов и Колев како и домашните деца Златев, Вељанов и Милков. Од Гостивар дојдоа Ивица Димчевски и Александар Штерјов,од ФМП пристигна Теодор Атанасов а од Куманово дојдоа Андреј Цветковски и Бранислав Ѓекиќ. Од екипата на Пелистер кавадарчани го превзедоа американецот Џордан Калахан, кој треба да ги замени Петровски и Дубински а најнова аквизиција е поранешниот играч на Партизан, босанскиот центар Обрад Томиќ кој во Кавадарци дојде од Академик Пловдив.

М.В.

221162124_821697205197623_4004523677290621832_n