Во големото дерби МЗТ го доби Работнички а во сабота Еуро Никел ке му гостува на Кожув

Шестото коло од ПМКЛ поради обврските на нашите претставници во АБА 2 лигата стартуваше вчера и тоа со големата пресметка на вечните ривали МЗТ и Работнички. Иако требаше да биде дерби натпревар до тоа не дојде бидејки Работнички немаше сили да му се спротивстави на во моментов далеку поквалитетниот противник. МЗТ ја доби и втората меѓусебна пресметка сезонава (првата беше во Суперкупот) овој пат со убедливи 87-66. Вториот наш претставник во АБА 2 лигата, екипата на Пелистер својот натпревар од ова коло ќе го одигра утре, петок и тоа на домашен терен против екипата на Куманово. Во сабота се играат три средби. ТФТ е фаворит во дуелот со Ангели исто како и ФМП во дуелот со МЗТ 2. Еуроникел во обидот да ја прекине црната серија ке има тешко гостување во Гевгелија против незгодниот Кожув. Кавадарчани и на оваа средба ке бидат без повредениот Самарџиски што само ке ја отежне работата за позитивен исход. Шестото коло ке се затвори во недела со пресметката на Феникс и Гостивар .

М.В.