Кавадаречките кошаркари и од гостувањето кај Кожув се вратија со спуштени глави

Шестото коло во ПМКЛ само ја продолжи кризата во кавадаречката кошарка. ЕуроНикел имаше тешко гостување во Гевгелија против незгодниот Кожув. Кавадарчани на оваа средба беа без повредениот Самарџиски но и без Дејвис со кој управата ја раскина соработката а Калахан настапи со стомачен вирус. Еуроникел одигра добро прво полувреме но кратката клупа не издржа па Кожув славеше со 86-79 што за кавадарчани беше 5 пораз во серија. Во дербито МЗТ го совлада Работнички со 87-66. Пелистер на домашен терен го доби Куманово со 97-71. ТФТ - Ангели 78-67, ФМП - МЗТ 2 84-74. Изненадувањето го направи Феникс кој се врати од -19 и го победи Гостивар со 87-81 .

Кај девојките од групата Б се одигра 4 коло. Мега Баскет - Патриот 13-123, Тим Арена - Гризли50-65, и Риниа - Шкупи 37-79. Екипата на Трокал не дозволи изненадување на домашен терен и го совлада Гостивар со 78-50. Ова беше 4 победа за кавадаречките девојчиња во исто толку натпревари. Средбата ја одбележа настапот на Лиле Миткова која сите 4 средби досега ги заврши со трипл дабл учинок

М.В.