СООПШТЕНИЕ  НА ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

Без елекрична енергија беше Демир Капија и неколку села од ова општина, од вчера во 18 часот до 15 часот денеска-соопштуваат од ЕВН.Сега струја има .Екипи на ЕВН работат и понатаму на отстранување на проблемите кои најверојатно се предивикани од новите снежни врнежи.Паднати столбови и електрини водови од тешкиот снег.

На  16.1.2019 година (среда) во  училиште „Димче А.Габерот„ во Демир Капија “се одржа предавања

Денеска граѓаните од Демир Капија и од околните населби што припаѓаат на Демиркаписка општина, го прославија големиот христијански празник Богојавление Водици.

На 11.02.2019 -Официјалниот почеток на манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун 2019 година“

Втора година по ред се организираше и се одржа Бадниковата поворка, во чест на Раѓањето Христово, во која учество земаа децата од нашата општина. Поворката започна од плоштадот и заврши во црквата, каде на децата им беа поделени пригодни  подароци. Слава на Бога и благодарност на оние кои придонесоа за реализирање на Бадниковата поворка.
Христос се роди!
Навистина се роди! 
За многу години!

Вчера /29.01.2019 година/ Советот на општина Демир Капија ја одржа шестата вонредна седница

„Почитувани сограѓани.
Влегувањето во Новата година претставува желба за нов почеток со нова енергија, нови надежи, нови успеси но и нови предизвици кон кои треба гордо да се исправиме и успешно да ги надминеме. Годината што следи треба да биде година на поактивно ангажирање на сите полиња во општеството , со една единствена цел – подобрување на стандардите и нивото на живеење во општината овозможено со проекти за економски напредок.
Почитувани граѓани , и во новата 2019 година продолжуваме и понатаму заедно да работиме за модерна, развиена и европска Демир Капијa! 
Ке работиме како и до сега, доследни на кажаното и искрени кон секој граѓанин на нашата општина. Ке продолжиме да се движиме по планираниот пат за развој на Демир Капија !
Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете во мир и благосостојба! Имајте моменти исполнети со многу здравје, радост, среќа и бериќет на секое поле.
Од свое лично име и од името на локалната самоуправа, ви посакувам среќни Новогодишните и Божиќни празници !„


Со почит, 
Градоначалник Лазар Петров

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА