“ Вчера во 15.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Т.Ѓ.(61). Тој се сомничи дека во текот на денот, на работното место физички го нападнал Ј.Н.(62), директор на јавното претпријатие, каде што и тој бил вработен. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес„ -се наведува во Билтенот на МВР.
Инаку во Билтенот е заведено дека синоќа во 19.50 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Тиквешко востание“ во градот, патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од кавадарчанецот В.Н.(43), удрило во С.Б.(73) од Кавадарци.
– Во несреќата, С.Б. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, информираа од СВР Велес.