НА 14 јануари 1916 година во село Бегниште е роден д-р Димитар Даскалов.
Се образувал во с.Бегниште, Кавадарци, Прилеп, Белград и Софија. Учесник е во НОВ а ранет е кај с. Смилевци и е префрлен во партизанската болница каде останал да се лекува 6 месеци. По завршување на Медицинскиот факултет, специјализира за лекување на детски болести. Извесен период работи како аташе на Југославија во Бугарија. Извесен период бил затворен и префрлен во Голи оток каде останал до 1953година.
По враќање од затворот работи како лекар во Гостивар, Струмица, Неготино и Кавадарци. Д-р Даскалов е автор на 5 научни труда и 175 стручни статии од областа на педијатријата, а автор е и на две книги „Здраво бебе“ и “Проблеми на половите“. Работи и како асистент на Медицинскиот факултет во Скопје а се стекнал и со звањето „примариус`.
П.Камчевски М.Д.