МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 21 декември 1922 година во Кавадарци е роден Мито Хаџи Василев Јасмин, истакнат револуционер, новинар, теоретичар и политичар. Со само 15 години станал член на СКОЈ, а во 1940 г. член на КПЈ. Јасмин е еден од организаторите на востанието против окупаторот во Тиквешијата. Бил зам. политички комесар на Втората македонска ударна бригада. На два пати бил главен и одговорен уредник на в. “Нова Македонија“, а во мај 1967 година бил избран за претседател на Собранието на Република Македонија. Ненадејно почина во Брела Хрватска на 1 август 1968 година на 46 годишна возраст.

П.Камчевски

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)