фото П.Камчевски
На денешен ден-13 јуни 1944 година (пред 75) години, во реонот на село Страмашево два баталјона на Втората македонска ударна бригада го нападнала бугарскиот полициски одред “Бенковски“.
Во тешката борба што ја воделе баталјоните на Втората МУБ успеале да го разбијат бугарскиот полициски одред со што бил принуден на повлекување. Непријателот имал повеќе од 40 убиени бугарски полицајци и голем број на ранети, останатите со бегање успеале да се спасат. Запленети биле 20 пушки, 2 пушкомитралези и друга воена опрема. Бригадата имала 4 загинати и 6 ранети борци. После неколку дена во знак на одмазда дел од 56 бугарски полициски полк го запалиле селото и убиле три деца и една жена.
Вечна слава на сите загинати борци.
Музеј Галерија-Кавадарци
На денешен ден , на 13 јуни 1944 година (пред 75 години) по бројните злосторства што ги извршиле во селото Драчевица, околу 40-сетина полицајци на бугарскиот полициски баталјон “Бенковски“ влегле во с.Страмашево. На чело на ова единица се наоѓал мајорот Камбуров. Штабот на бригадата добил известување дека бугарскиот полициски батаљон “Бенковски“ по убиствата пљачкањето, насилствата и силувањата што ги извршил во с.Драчевива, заминал во с.Страмашево. Откако бил направен план за напад, два батајлона на Втората македонска ударна бригада го нападнале истиот на 13 јуни 1944 година во 2,30 по полноќ. Борбата траела се до 8 часот наутро кога двата баталјона на бригадата потполно го разбиле полицискиот бугарски баталјон, нанесувајќи му загуби од 30-сетина полицајци. Во редовите на партизаните имало 6 мина ранети борци и 4 загинати меѓу кои и Коце Стојановски-Металец, предвоен револуционер од Скопје. После оваа борба оваа злогласна полициска единица престанала да постои.
П.Камчевски