МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во првата Б лига „Јан Бор„ со 54-68 славеше на гостувањето кај „Пониква„

Средбите против Словачка и Норвешка на сениорската машка кошаркарска репрезентација беа причината за малата пауза кај кошаркарските прволигаши. Затоа девојките ги одиграа редовните кола. И тоа во првата женска кошаркарска лига во групата А се одигра 11 коло во кое осетно подмладената екипа на Пробаскет загуби од актуелниот освојувач на купот екипата на МЗТ Скопје со 45-74. Бадел ја совлада Струга со 68-61, Гризли загуби од Вардар со 43-78 а Баскет Кам беше непријатно изненаден од Крива Паланка и загуби со 53-55.Во група Б се одиграа средбите од 15 коло и се постигнаа следниве резултати: во Неготино Спорт Тим загуби од Куманово со 34-65 а во дербито Патриот славеше нагости кај Шкупи со 55-57. Пелистер го доби Гостивар со 71-67 а екипата на Јан Бор со 54-68 славеше на гостувањето кај тимот на Пониква.

М.В.