Општина Демир Капија обезбеди финансиски средства од Агенцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој во висина од 8.915.310,00 ден. за реконструкција на дел од локален пат од (регионалниот пат) Р103 до село Клисура во должина од 1,28 км и ширина 5,5 м. Со реконструкцијата на патот ќе се изврши проширување на патот, тампонирање и асфалтирање на коловозот со широчина од 3,5 м. Исто така ќе се изградат банкини по еден метар од двете страни а ќе се изработи канавка од едната страна на патот со 6 пропусти за одведување на атмосферските води. Од педесеттите години населеното место е целосно иселено, претежно во Демир Капија. Има интерес, и тенденција на враќање на населението во селото. Овој интерес би влијаел во подобрувањето на условите за развој на селото во насока на заживување на етно село затоа што Општина Демир Капија заедно со Центарот за развој на Вардарски Плански Регион и Германската развојна агенција ГИЗ подготвија техничка документација за изграба на етното село. Комплетирањето на целата инфраструктура во Етно Село Клисура е битно за изградбата на овој туристички комплекс од регионално значење. Изградбата на локалниот пат до село Клисура ќе ја забрза изградбата на Етно Село Клисура, што ќе придонесе за поголем економски развој на регионално и локално ниво и брендирање на Демир Капија и Вардарскиот регион како туристички дестинации.

 

Се истражува најпознатиот средновековен град во Македонија, на археолошкиот локалитет Кале-Стрезов Град, кај демиркапиското село Челевец,  археолозите открија кула и црква. Локацијата е дел од Демиркаписката Клисура, над автопатот Скопје Атина.

Во Демир Капија денеска почна изградба на повеќенаменско игралиште, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.

Игралиштето ќе биде со површина од 1.296 квадратни метри, а за користење на теренот и во вечерните часови, ќе биде поставено и соодветно осветлување, информираат од Локалната самоуправа.

- Се работи за објекти за рекреативно користење и тоа за ракомет, мал фудбал и кошарка. Ги има насекаде ширум државата, а еве едно такво игралиште никнува и кај нас, посочуваат надлежните од Локалната самоуправа Демир Капија.

 

Градоначалникот на Општина Демир Капија, Трајче Димитриев со дел од општинската администрација беше во посета на Општина Брда од Словенија. Општина Демир Капија и Општина Брда имаат потпишано Меморандум за збратимување и соработка. Целта на оваа тридневна посета беше остварувањето на контакти со администрацијата на Општина Брда и Регионалната развојна агенција од Горишки Брда Словенија за добивање на информации и искуства за поголемо и заедничко искористување на средства од европските фондови, со што ќе се придонесе кон подобрување на локалниот економски развој на Демир Капија. За време на посетата делегацијата од Демир Капија имаше можност да се информира за проекти кои Општина Брда ги реализирала преку повици на Европската Комисија. Беа посетени неколку винарии, општинската винотека, етното село Шмартно, кои исто така имаат искористено неповратни средства од европските фондови за своето работење.

12043171_1620448458208357_3036362356500424412_n.jpg

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 2 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:35 pm
95%     6.4 km/h     32.780 bar
Forecast
Нед Low: 0 °C High: 5 °C
Пон Low: -3 °C High: 4 °C
Вто Low: -7 °C High: 3 °C
Сре Low: -6 °C High: 2 °C
Чет Low: -5 °C High: 3 °C
Пет Low: -3 °C High: 5 °C
Саб Low: -2 °C High: 6 °C
Нед Low: 0 °C High: 7 °C
Пон Low: -1 °C High: 8 °C
Вто Low: -1 °C High: 10 °C