(Видео) Демир Капија:Јавна трибина „Стоп за семејното насилство“.

Демир Капија
Типографија

Tрибината е во рамките на месецот на родовата рамноправност и по повод меѓународниот ден на борбата против семејното насилство, а во организација на О.Ж. „Женско Лоби“ од Демир Капија 

На трибината која беше одржана во просториите на ООУ „Димче А.Габерот“ во Демир Капија говореа психологот Весна Стојановска од Центарот за социјални работи од Неготино, Менче Николова –проект координатор на Женско Лоби-Демир Капија и претставници од МВР Неготино.Присутните имаа можност да се запознаат со видовите на семејно насилство, со законот за превенција,спречување и заштита од семејно насилство како и со постапката и ингеренциите на институциите кои го третираат проблемот. На истата беа споделени искуства од досегашната пракса на институциите и беше поделен едукативен материјал.

  Трибината е дел од активноста Месец на родовата рамноправност која се реализира во рамки на проектот „Потполни ги празнините“ кој го имплементира организацијата на жени „Женско Лоби“ од Демир Капија со финансиска подршка од Екуменска Иницијатива на жени од Хрватска.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 16 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:17 am   |   Sunset: 7:59 pm
77%     11.3 km/h     33.051 bar
Forecast
СабLow: 15 °CHigh: 34 °C
НедLow: 17 °CHigh: 38 °C
ПонLow: 17 °CHigh: 34 °C
ВтоLow: 18 °CHigh: 30 °C
СреLow: 20 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 19 °CHigh: 31 °C
ПетLow: 19 °CHigh: 31 °C
СабLow: 19 °CHigh: 31 °C
НедLow: 19 °CHigh: 31 °C
ПонLow: 20 °CHigh: 31 °C