Демир Капија:Ченто-Биографија низ фотографија

Демир Капија
Типографија

Oва е насловена изложбата која ќе биде отворена во Музеј галерија во Демир Капија на 20.03.2018 вторник со почеток во 12 часот.


Авторот на изложбата, историчарот кустос Рубин Белчески неколку години го истражувал животот и делото на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто.

-“Желба ми беше и јас да дадам свој придонес во расветлувањето, а пред се во презентирањето на ликот и делото на Ченто, создавајќи едно дело, но со поинаква форма и содржина од досегашните напишани дела за него“, истакна Белчески. 
Изложбата која е претставена на 20 големи панои содржи над 257 елементи: од кои 224 фотографии,15 документи,15 различни делови од говори на Ченто, мисли, четири текстови и 30 фотографии од споменици и спомен бисти, монети, уметнички дела, поштенски марки .

000demirkapija888.jpg

Белчески вели дека тој истражувал и собирал архивски материјали низ повеќе институции, а фотографии и документи добил од семејството на Ченто. 

Како што најави Белчески, со подршка на Министерството за култура наскоро од печат ќе излезе и публикација за Ченто.

Изложбата во Демир Капија ќе биде претставена  десетина дена.

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 15 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:38 am   |   Sunset: 7:23 pm
55%     6.4 km/h     33.153 bar
Forecast
ВтоLow: 8 °CHigh: 28 °C
СреLow: 11 °CHigh: 31 °C
ЧетLow: 12 °CHigh: 30 °C
ПетLow: 11 °CHigh: 31 °C
СабLow: 14 °CHigh: 27 °C
НедLow: 13 °CHigh: 29 °C
ПонLow: 13 °CHigh: 30 °C
ВтоLow: 15 °CHigh: 31 °C
СреLow: 15 °CHigh: 31 °C
ЧетLow: 15 °CHigh: 28 °C