Eден месец од стартот на проектот “Мој општинар“

Кавадарци
Типографија

 Граѓаните на Општина Кавадарци позитивно реагираат на овој проект, некои од нив  помагаат во решавањето на проблемите.  

Овој проект е прв ваков проект во Македонија. Градоначалникот Митко Јанчев го презентираше уште во предизборната кампања и уште тогаш имаше позитивни коментари од граѓаните. За кратко време откако ја превзема градоначалничката функција успеа и да го реализира овој проект. По само еден месец како градоначалник, “Мој општинар “ од идеја премина во реализација.

     Од кабинетот на градоначалникот информираат дека „Првата недела општинарите ја искористија за запознавање на своите реони и запознавање со граѓаните. Веќе во наредниот период започнаа проект “За убаво Кавадарци“. “За убаво Кавадарци“ ќе биде еден долг процес во кој најголемо учество ќе имаат општинарите. Се чистат сите помали и поголеми диви депонии во градот.Секој општинар според потребите на својот реон организира акции со кои дивите депонии исчезнуваат. Освен депониите се чисти и целиот град. Се решаваат мали проблеми за кои треба малку работа но до сега не биле решени.

 

moj-opstinar-kavadarci.jpg

     Најважно од се е што граѓаните на Општина Кавадарци позитивно реагираат на овој проект, некои од нив и помагаат во решавањето на проблемите.

    Преку проектот “Мој општинар“ се надеваме дека ќе се подигне и свеста и одговорноста кај граѓаните. Сите напори и целиот труд кој се вложува треба да биде ценет пред се од граѓаните и тие безрезервно да се вклучат во создавањето на убаво Кавадарци.

     Опремата, односно униформите на општинарите и апаратите со кои работат се донации од кавадаречките фирми Екстра Бус, Метал Апостолов, Велком Трејд, Павер Трејд, Градба Промет, Кожувчанка и Ја-Ми.

    Во иднина очекуваме уште поголеми резултати и уште поголема комуникација помеѓу граѓаните и општинарите од проектот “Мој општинар“, како и реализација на поголеми проекти.„ велат од Кабинетот на Градоначалникот Митко Јанчев.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Fair (day), 31 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:20 am   |   Sunset: 6:28 pm
23%     6.4 km/h     33.119 bar
Forecast
СабLow: 10 °CHigh: 32 °C
НедLow: 14 °CHigh: 32 °C
ПонLow: 12 °CHigh: 35 °C
ВтоLow: 11 °CHigh: 18 °C
СреLow: 7 °CHigh: 20 °C
ЧетLow: 7 °CHigh: 22 °C
ПетLow: 6 °CHigh: 24 °C
СабLow: 9 °CHigh: 25 °C
НедLow: 8 °CHigh: 20 °C
ПонLow: 6 °CHigh: 22 °C