/Фото/ Комплетно уредување на Спомен паркот 12-Младинци на Моклиште

Кавадарци
Типографија

Дванаесет дрвца „туја“ ќе бидат посадени во паркот на 12 стрелани млади во Ваташа

Проектот за средување, расчистување и хортикултурно уредување на спомен паркот “12 Ваташки младинци“ во месноста Моклиште е во поодомината фаза.

Волонтерите од проектот на општината „За чисто и убаво Кавадарци“ заедно со вработени од ЈП „Комуналец“ работеа на завршно порамнување на теренот и негова подготовка за сеење на трева. 
Стручни лица од Комуналец ја оспособуваа подземната водоводна мрежа, за полевање, со цел нејзино ставање во функција, додека ангажираните лица од општината ги изведуваа последните активности околу косење на дел од затревнатиот простор, како и на расчистување на суви гранки и вегетација.Според планот дванаесет зимзелени украсни дрвца од видот„туја“ ќе бидат посадени кај споменикот на 12 стрелани младинци . Ратка Мукаетова, раководител на “Паркови и зеленило” денеска потврди дека Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци кое го работи проектот со Локалната самоуправа ке посветат исклучително внимнание на ова работа. 
-Во моментов се рамни површината од над 13 декари во спомен паркот подигнат во нивна чест, која потоа ќе се посее со трева, појасни Мукаетова. 
Ова година се навршуваат 75 години од стрелањето на 12 младинци од Ваташа кои беа стрелани од фашистите за време на окупацијата на Македонија .Годишнината ке биде одбележана  на 16 јуни  2018.
На истиот простор ќе се одржи и тардиционалниот мото собир во огранизација на мото клубот „Тиквеш рајдерс“ и општина Кавадарци.

32540492_2152665101624206_4216269639572783104_n.jpg

32631035_2152664974957552_7766423219136888832_n.jpg

32699020_2152664981624218_8226430447219900416_n.jpg

32558639_2152665038290879_1531252056881364992_n.jpg

32584065_2152665054957544_6419997666725330944_n.jpg

32392154_2152665058290877_4937010854588579840_n.jpg

 

 

 

 

 

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 16 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:17 am   |   Sunset: 7:59 pm
77%     11.3 km/h     33.051 bar
Forecast
СабLow: 15 °CHigh: 34 °C
НедLow: 17 °CHigh: 38 °C
ПонLow: 17 °CHigh: 34 °C
ВтоLow: 18 °CHigh: 30 °C
СреLow: 20 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 19 °CHigh: 31 °C
ПетLow: 19 °CHigh: 31 °C
СабLow: 19 °CHigh: 31 °C
НедLow: 19 °CHigh: 31 °C
ПонLow: 20 °CHigh: 31 °C