Општина Кавадарци преку Јавното претпријатие „Комуналец“ деновиве засилено работи на рехабилитација и порамнување на шахтите по кавадаречките улици.

Станува збор за редовна активност на комуналното претпријатие, која деновиве се изведува интензивно. Целта е да се санираат сите оштетени шахти и да се израмнат со нивото на асфалтот од коловозите. Со овој зафат како трајно решение ќе се рехабилитираат шахтите и ќе се отстранат и опасностите од нив како ударни дупки при одвивањето на сообраќајот по градските улици.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА